Стариот чадор заминува во пензија

Ова е едно од најлудите нешта кои што сме ги виделе досега. Стариот чадор заминува во пензија, а на негово место доаѓа „невидливиот“ чадор и тоа, право од Кина.

kisobran_01_670x0

Кинескиот дизајнер, Чуан Ванг го осмисли „Воздушниот чадор“.

Овој необичен дизајн има литиумска батерија која го покрева моторот што го дува воздухот во различни правци и на тој начин го менува правецот на дождовните капки, па останувате суви.

Постои и регулатор на јачината на дување, така што сте опремени за секоја неприлика. Сепак, Чуан моментално работи на кампања за собирање на неопходни средства, а овој чадор можеме да го очекуваме во продажба во последната четвртина од 2015 година.

kisobran_02_1413303805

- Реклама -