Нова намена за безгрижно патување

intro_nova_primena.jpg Ќе се изненадите кога ќе откриете колку секојдневни подзаборавени предмети може да ви го олеснат патувањето. Следете ги упатствата што ќе ви заштедат нерви, а и нема да ви потрошат пари. Едноставно, откријте нова намена на некои обични предмети што веќе ги имате низ дома.

Ќе се изненадите кога ќе откриете колку секојдневни подзаборавени предмет може да ви го олеснат патувањето. Следете ги упатствата што ќе ви заштедат нерви, а и нема да ви потрошат пари. Едноставно, откријте нова намена на некои обични предмети што веќе ги имате низ дома.


Налепници за адреса
address-label-2.jpg

Оригинална употреба: Информирање на поштата за повратната адреса
Нова употреба: Лепење на вредни предмети што ќе ги понесете на патувањето – како iPod или дигиталниот апарат. Во случај да ги изгубите можеби ќе ги најде чесна личност што ќе ви ги врати.

Целофан
celofan.jpg

Оригинална употреба: Во кујна, за виткање на остатоците од ручекот.
Нова употреба: Избегнување на незгоди во куферот. Завиткајте го шампонот, парфемот, лосионот и нема да се плашите да не ви се истурат ако премногу го тресете куферот.

Пластично шише
shishe_suveniri.jpg

Оригинална употреба: Хм… Шише.
Нова употреба: За чување на влезници, брошури и други вредни хартиени сувенири. Свиткајте ги во ролна и ставете ги во шише и ќе бидете сигурни дека нема да ви се скинат. Кога ќе се вратите доволно е да го исечете тесниот дел од врвот и да ги истурите зачуваните белешки.

Подметачи за чаши
podmetachi.jpg

Оригинална употреба: Заштита од водени кругови на масите
Нова употреба: Обележување подароци – функционира и со сувенири од одмор, а и со подароци невразни со патувања. Уште подобро е да искористите подметач од земјата/градот каде сте престојувале, со што подарокот ќе добие уште една лична вредност. Направете дупче на работ од подметачот, врзете украсна лента, напишете нешто на позадината и имате оригинална честитка!

- Реклама -