На исчезнатиот малезиски авион му снемало гориво

Според најновите информации причината за исчезнувањето на малезискиот патнички авион Боинг 777-200 е во завршување на горивото, по што авионот паднал во Индискиот Океан. Тоа го соопштија експертите од австралиската агенција за транспортна безбедност по анализа на сателитските податоци, објавени во извештајот на малезиските власти.

Според овие податоци пристигнатите звучни сигнали од авионот станале нередовни пред конечното исчезнување на врската со истиот. Ова ги одведе стручњаците до претпоставката дека електронскиот систем на Боингот неколку пати бил во дефект поради недостиг на гориво.

Покрај тоа австралиските експерти забележуваат дека зоната на пронаоѓање на авионот во Индискиот Океан се вкрстува со единствената авијациска рута во регионот, кој ги поврзува австралиското пристаниште Перт со Кокосовите Острови. Според експертите  можно е авионот да се движел по овој пат  автоматски, а екипажот веројатно бил во несвест.

Ноќта на 7 спрема 8 март патничкиот авион Боинг 777-200 на малезиската авиокомпанија со 227 патници, возејќи на лет од Куала Лумпур до Пекинг, исчезна од радарите на авиодиспечерите. Досега обидите за неговото откривање се безуспешни.

- Реклама -