Банани против мамурлук

Британски доктор проговори за ефективен лек против мамурлукот.Имено,  Д-р Роб Хикс тврди дека внесувањето на банани може да нè спаси од страдањето што го предизвикува злоупотребата на алкохол од претходната вечер.

Утрото по тешка вечер човекот страда не само од дехидрација, туку и од ниско ниво на шеќер во крвта. Тоа е така, бидејќи црниот дроб е зафатен со обработката на алкохолот и не го пушта во крвта вообичаеното количество гликоза.Овој проблем може да се реши најдобро со помош на банани.

Зошто сепак не може да се постигне истиот ефект со помош на слатки производи?

Д-р Роб Хикс објаснува дека храната со висок гликемиски индекс го зголемува крвниот шеќер премногу брзо и состојбата на човекот  кој страда од мамурлак, се влошува. За разлика од тоа една банана гарантира непречено подигање на нивото на шеќерот во крвта до удобно ниво и во исто време ги смирува раздразнетите црева.

Read more: http://health.actualno.com/Banani-sreshtu-mahmurluka-news_28987.html#ixzz328uojQ6E

- Реклама -