12 / 12: Часовникот како спас од дебелеење

Броењето на калории предизвикува стрес. Ова е веќе научно докажано.

Наместо грижи, истражувачите ни советуваат да уживаме во јадењето, но да го ограничиме бројот на часа во текот на денот кога посегнуваме по храна.

Имено, наместо броењето на калории, попаметно ни е да се загледаме во часовникот. Така барем, покажува едно ново истражување на американскиот инситут Сакл, објавено месецов. Според него, ние се дебелееме најмногу поради тоа што јадеме доцна во ноќта, иако би требало да му овозможиме на телото да ги согори калориите, за време на сонот.

Зошто сите полудеа по новата диета?

„Ограничувањето на јадењето на 12 часа дневно, после кое гладуваме ист толкав период, може да ни помогне во борбата против покачен холестерол, дијабетис и дебелеење“, вели професорот Сачиданд Панда од институтот Салк.

Прочитајте и:  За да го намалите ризикот од деменција, ограничете ја консумацијата на еден вид пијалок

Во истражувањето кое го спроведе неговиот тим, испитаници биле глувците, но др. Панда верува дека резултатите можат да се применат и кај луѓето. На една група глувци храната им била ограничена на 12 часа во едно деноноќие,  а јаделе калорична храна, додека други имале на располагање само диетална храна, но можеле да јадат кога и да посакаат.

Веќе за неколку дена, првите изгубиле 5 проценти од тежината, а на крајот, 38-та недела од истражувањето биле за 25 отсто полесни од глувците со 24 часовен пристап до храна.

- Реклама -