10 најголеми камени скулптури во светот

скулптуриСоздавањето на скулптура од камен е една од најтешките ликовни техники кои постојат. Една мала грешка може да уништи години работа што го прави процесот долг и напорен. Но, тоа не ги спречило луѓето низ историјата да создаваат џиновски скулптури во чест на богови, херои и значајни личности.

Создавањето на скулптура од камен е една од најтешките ликовни техники кои постојат. Една мала грешка може да уништи години работа што го прави процесот долг и напорен. Но, тоа не ги спречило луѓето низ историјата да создаваат џиновски скулптури во чест на богови, херои и значајни личности.

Тврдината во Брест
скулптури

Тврдината во Брест е вториот најголем воен споменик во поранешниот Советски Сојуз. Сместен во градот Брест во Белорусија, скулптурата е посветена на славната храброст во одбраната од Германија. Големината на споменикот е импресивна, а фигурата која е претставена прикажува вистинска цврстина и сила.

Планината Рашмор
скуптури

Планината Рашмор  е скулптура направена во гранитот на планината Рашмор во близина на Кистоун, Јужна Дакота во САД. Оригинален автор на оваа скулптура е Гуцон Борглум, но по неговата смрт проектот бил преземен од неговиот син Линколн Броглум. Овој споменик се состои од главите, високи по 18 метри) на четири поранешни претседатели на САД – Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн. Споменикот всушност покрива територија од 5,17 километри квадратни и се наоѓа на 1745 метри надморска височина.

Споменикот на Конфедерацијата
скуптури

Најголемата високорелјефна скултура во светот се наоѓа во Stone Mountain Park. Споменикот на Конфедерацијата е направен во спомен на три херои на Конфедерацијата, претседателот Џеферсон Дејвис и славните генерали Роберт Е. Ли и Томас Џ. Џексон. Површината на релјефот е 1588 метри квадратни, и се наоѓа на 121 метар над земјата. Релјефот е висок 27 метри и широк 58 метри, најголемата длабочина е кај лактот на Генералот Ли кој се наоѓа на 3,5 метри од површината на планината.

Бистата на Мустафа Кемал Ататурк
скуптури

Огромна биста на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција, се гради во Бука, предградие на Измир.

Матреја Буда
скуптури

Сместени во ридовите Џиши, 35 километри југозападно од областа Јонгжинг во Гансу Провинцијата, Пештерите на Илјада Буди се културно богатство на Патот на Свилата. Најголемата од овие скулптури е Матреја Буда која е висока речиси 37 метри.

Петра
скуптури

Петра е историски и архелошки локалитет во Јордан. Овој град целосно издлабен во камен бил основан околу шестиот век пред новата ера. Градот е симбол на Јордан и едно од најпосетуваните туристички места во оваа држава. Локалитетот се појавил во програма на ВВС „40 места кои мора да ги видите пред да умрете“, и бил искористен за снимањето на Индијана Џоунс и Последната Крстоносна Војна.

Џиновскиот Буда од Лешан
скуптури

Џиновскиот Буда од Лешан е скулптура на Матреја Буда во седечка положба. Во декември 1996 локалитетот бил сместен на листата на Светско Културно Наследство на UNESCO. Започната во 713 година за време на Династијата Танг, за нејзиното завршување биле потребни повеќе од 90 години. Скулптурата била најголемата во светот времето кога била завршена.

Споменикот на Лудиот Коњ
скуптури

Сместена во Јужна Дакота, оваа масивна скулптира на воинот од племето Огала Лакота и неговиот коњ била започната од Корчак Зиолковски во 1948 година во Црните Ридови. Скулптурата сè уште не е завршена, но со планираната ширина од 195 и висина од 171 метар, таа ќе биде најголемата скулптура во светот.

Бамијан Буда
скуптури

Бамијан Буда беше скулптура сместена во карпа во Авганистан. Таа била направена околу 500 година од новата ера, на надморска височина од 2500 метри. За жал ова културно, историско и уметничко наследство беше уништено со динамит во 2001 година од страна на Талибанците, откако нивниот водач Мула Мухамед Омар го прогласил за „идол“ чие постоење е забрането според Шеријатот.

Црквата Св. Ѓорѓија
скуптури

Оваа скулптура е црква издлабена во гранитен блок, чиј покрив е на површината на земјата. Црквата е сместена во малиот град Лалибела во Етиопија и е една од единаесет цркви издлабени во карпи. Црквите во Лалибела не биле изградени, туку ископани. Секоја црква била направена откако прво бил создаден широк ров на сите четири страни, по што внатрешноста била детално изработена со помош на рачен алат. Најголемата од овие цркви е висока 12 метри, за нејзиното создавање само со чекани и длета биле потребни неколку децении.

Прочитајте и:  Тимот на Трамп со остри критики за одлуката на Бајден: „Ова е како нова војна, сите претходни калкулации сега се ништовни“
- Реклама -