Понекогаш Мајката Природа напаѓа со невообичаена сила која одзема илјадници животи. Овојпат – Мајката Природа во САД. Имено, Ви ги претставуваме најголемите и најлошите 10 бури во САД.
илјадници животи. Овојпат – Мајката Природа во САД. Имено, Ви ги
претставуваме најголемите и најлошите 10 бури во САД.
( бурите од порано резултираат со поголема штета, вклучувајќи повреди и жртви, зависно од напредокот на технологијата. Денеска напредокот на истата е поголем, па е во можност да ги предупреди граѓаните. )
Дата: 1972
Мртви: 129
Ураганот Agnes ја нападна Флорида на 19 Јуни, 1972 и ја погоди секоја држава од Флорида до Њујорк. Иако ураган со мала сила, предизвика 210.000 луѓе да ги напуштат своите домови од страв за нивните животи. Ураганот најмогу ја погоди Пенсилванија, каде што поплави илјадници домови. Agnes предизвика штета од 3.1 билиони долари, и уби 129 луѓе.
9. Бурата "Ash Wednesday"(„ Валкана Среда “)
Дата: 1962
Мртви: 30
Оваа „ смирена “ бура остана на Источното крајбрежје 3 дена, наместо да си го следи својот нормален курс кон морето. Тоа беа 3 дена со постојан дожд и силен ветар. Нивото на водата на некои места се зголемило за 2 стапки за само неколку минути. Издигната вода и ветерот со 76м/ч уби 30 луѓе, повреди преки 1250, и предизвика штета од 200 милиони долари.
8. "Appalachian Storm"
Дата: 1950
Мртви: 160
Започна точно пред Денот на Благодарноста во 1950 и изгледаше на „ нормална “ зимска бура. Снегот започна да врне на 25 Ноември и траеше се до 27, не некои места и повеќе од нормалното. Западна Вирџинија и Кливленд беа со повеќе од 2 стапки снег за само 3 дена. Несреќната комбинација на рекорден студ, рекорден снег и силен ветер одзема 160 животи.
Дата: 1925
Мртви: 695
Започнаа како грмотевици во Мисури, доагајќи од студените ветрови дури
од Канада. Торнадото се движеше побрзо од ладниот воздух,кој на крај,
го превзема. Дел од проблемот е што таа дојде ненадејно, така што
предизвика луѓето да се трчаат кон подрумите додека парчиња стакло
паѓаа над нивните глави, и други работи кои торнадото ги собрало „
попат “. Торнадото рушеше се помеѓу Источен Илиноис и Индијана пред
конечно да исчезне…3 ипол часа подоцна.
Торнадото беше одговорно за 695 мртви, 2027 повредени и изгубен имот од
17 милиони долари. Вкупната цифра на штетата е 159 милиони долари.
Дата:1969
Мртви: 256
Овојпат имаше предупредување. Секоја телевизија и радиостаница им кажуваше на граѓаните да ја напуштат областа, но многуминна останаа. За некои тоа беше само игра, бидејќи имаа видено пред тоа многу други бури. Но оваа беше како ниедна пред тоа видена. На 23 Август 1969, Camille имаше брзина од 200м/ч и води кои поплавуваа дури и куќи од два ката. Беа евакуаирани 150.000 жители. Кога се беше готово, 256 беа мртви и имаше штета од 1.4 билиони долари.
Дата: 1938
Мртви: 700
Беше неверојатно дека ураган би можело да ја удри областа во New England, а и прогнозерите имаа доволно време да предупредат. Но, тие беа убедени дека ураганот никогаш нема да се спушти и дека ќе исчезне. Но, и тоа како се спушти. Ураганот беше од трета категорија, со ветар од 100м/ч. Човечката штета беше: 700 мртви и уште 700 повредени. Економската штета: 306 милиони, кои се 3.4 билиони денешни долари.
4. Ураганот Galveston
Дата: 1900
Мртви: над 8.000
И пред деновите на CNN и временските прогнозери имаше начини како да се предупредат луѓето за бурите кои доаѓаат. Тоа се правеше со знамеца за бури. Но, на малиот остров на брегот на Тексас,- Галвестон, бурата која доаѓаше беше добродојдена, бидејќи таму владееше интезивна жештина. Жителите ги игнорираа знаците за евакуација и наместо тоа, тие отидоа на брегот за да гледаат бранови. За жал, се што видоа беше само првиот бран. Ураганот кој се движеше со 145м/ч предизвика голем бран, која ја повлече и ја поплави толпата, убивајќи над 8000 луѓе.
3. Superstorm – „ Супербурата “
Дата: 1993
Мртви: 270
Оваа таканаречена „ супер бура “ во Март 1993 исфрли се што можеше на Источната третина на САД-од виулици до торнада. Од Алабама до Нова Англија имаше урагански ветрови, студ каков што немало претходно и преку 40 инчи снег на секоја од 7те држави. Сите главни и споредни патишта беа затворени или непристапни, и за првпат во историјата, секој главен аеродром на Источниот брег беше принуден да затвори. Милиони луѓе беа без струја цела недела и бурата заврши убивајќи 270 луѓе и предизвикувајќи штета од 3 билиони.
2. Торнадото Superoutbreak
Дата: 1974
Мртви: 315
Замислете си 148 торнада по ред, едноподруго, како поминуваат во Мисисипи во должина од 2500 милји. Ветрови од 260м/ч во секое време, трактори фрлени 150 стапки во воздух и спуштени милји понатаму, и откако се ова ќе помине, уште едно торнадо зад него. Ова беше ситуацијата во Морис, Илиноис. 6 од вкупно 148 торнада беа Ф5 категорија и помеѓу најсилните што некогаш се забележани на планетава. Оваа природна сила уби 315 луѓе и повреди 5000 други.
1. Ураганот на Денот на Трудот
Дата: 1935
Мртви: 423
Оваа бура е најсилната бура која го погодила брегот на САД. Ураган од 5 категорија со ветрови од 200 м/ч. Се разви на Бахамите и не ни изгледаше заканувачки се додека не го удри брегот на Флорида.
Во времето на бурата, имаше илјадници невработени ветерани кои живееја во шатори чекајќи работа на автопатот. Силниот ветар ги изненади, и ги „ собра “ сите нивни шатори и нивните работи. Ветровите „ собраа “ и некои од луѓето. Воз беше пратен да ги спаси работниците, но и тој беше поплавен со вода висока 17 стапки, и речиси сите луѓе на возот беа убиени. Имаше 423 нртви, и 6 милиони во штета, кои во денешни пари се 71 милиони долари.