Иако денeс за иcламскиот свет преовладуваат многу стереотипи, историјата покажува дека не е така. Многу нешта без кои денес не би можеле доаѓаат токму од тие земји.
Иако денeс за иcламскиот свет преовладуваат многу стереотипи, историјата покажува дека не е така. Многу нешта без кои денес не би можеле доаѓаат токму од тие земји.
1. Хирургија – околу 1.000 годинa н.е., славниот доктор Al Zahrawi ја објави илустрираната енциклопедија за хирургија од 1500 страници, која во Европа беше користена како медицинска референца во следните 500 години. Меѓу многуте свои изуми, Al Zahrawi исто така прв извел царски рез и ја направил првата пинцета.
2. Кафе – Пијалокот кој стана стандард во Западниот свет, за прв пат бил претставен во Јемен. Во текот на работните денови кафето им помагало на Суфи мистиците да останат будни во текот на ноќната молитва. После тоа било пренесено во Каиро и брзо се раширило низ муслиманските земји. Во 13 век кафето стигналo до Турција, но во Европа пристигнало дури во 16 век преку венецијанските трговци.
3. Летечка машина – Пронаоѓачот Abbas ibn Firnas бил првата личност која неправила такво летало кое навистина полетало. Во 9 век тој ја дизајнирал конструкцијата која потсетувала на птица. Во својот славен обид во близина на Кордоба во Шпанија, Фирнас полетал, но набрзо се срушил и го повредил грбот. Неговиот дизајн несомнено бил инспирација за италијанскиот уметник и пронаоѓач Леонардо да Винчи стотина години подоцна.
4. Универзитет – Во 859 година принцезата Фатима ал-Фихри го основала првиот универзитет кој доделувал дипломи во мароканскиот град Фес. Нејзината сестра ја основала соседната џамија и заедно комплексот станал al-Qarawiyyin џамија и училиште. Сè уште функционира и после 1200 години потсетувајќи ги луѓето дека знаењето и школувањето е основа на исламската традиција.
5. Алгебра – Овој термин доаѓа од персискиот математички трактат „Kitab al-Jabr Wa l-Mugabala“ кој потекнува од 9 век и во превод би бил „Книга за промислувањето и балансирањето“. Изградена врз основите на грчкиот и хинду системот, алгебрата била единствен систем за броеви и геометрија.
6. Оптика – Многу од најважните пронајдоци од оптиката доаѓаат од исламскиот свет. Околу 1000 година al-Haitham докажал дека луѓето објектите ги гледаат така што светлината се рефлектира од нив и доаѓа во окото. На тој начин ги побил претходните Еуклидови и Птоломејови теории дека самото око емитира светлина. Големиот муслимански физичар исто така го открил феноменот camera obscura, кој објаснува како окото ја гледа сликата испрено заради поврзаноста на нервите во окото со мозокот.
7. Музика – Многу од муслиманските музичари имале големо влијание во Европа. Меѓу инструментите кои стигнале од Блискиот Исток се наоѓаат лирата и рехаб – претходник на модерната виолина. Модерните музички скали исто така влечат потекло од арапската азбука.
8. Четка за заби – Наводно самиот пророк Мухамед ја популаризирал употребата на четката за заби околу 600-тата година. Користејќи се со гранче од дрвото Meswak, си ги чистел забите и го освежувал здивот. Супстанци слични на Meswak се користат во модерните пасти за заби.
9. Лост – Многу од основите на модерната автоматика, прв пат биле употребени во муслиманскиот свет. Претворајќи го ротациското движење во линеарно, лостот овозможува едноставно подигнување тешки објекти. Оваа технологија, која му се препишува на Al-Jazari од 12 век, молскавично се раширила околу светот, наоѓајќи примена од велосипедот до моторот со внатрешно согорување.
10. Болница – Болниците какви што ги познаваме денес, со медицински персонал и специјални сали, доаѓаат од Египет од 9 век. Првиот таков медицински центар била болницата Ahmad ibn Tulun основана во 872 година во Каиро. Оваа институција им обезбедувала бесплатна нега на сите оние на кои им била потребна, што е политика базирана на муслиманската традиција да се води грижа за болните. Од Каиро таквите болници понатаму се рашириле по исламскиот свет.
[Muslim inventions that shaped the modern world]