10 интересни факти за Истанбул

Истанбул е еден од најживописните градови на планетава. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Но, никогаш не можете да дознаете сѐ за овој раскошен град на Босфор…


1. Во Средниот век, кога Истанбул бил дел од Отоманската Империја, во градот имало преку 1.400 јавни тоалети, во време кога тоалети не постоеле дури ни во кралските палати во најголемите европски кралства.

410441219istanbul_bosphorus_lr

2. Во Истанбул е изградено третото најстаро метро во светот, кое постои од 1875 година. Постари се само метрото во Лондон (1863) и во Њујорк (1868).

3. Во историјата, Истанбул бил главен град на: Римската Империја, Византиската Империја, Латинската Империја и Отоманската Империја. А сепак, во денешно време, Анкара е главен град на Турција.

AppexRegional2012bg2town

4. Четирите бронзени коњи кои денес ја украсуваат катедралата Сан Марко во Венеција биле украдени од Истанбул во 13. век од Крстоносците.

5. Агата Кристи го напишала својот познат роман „Убиство во Ориент Експрес“ во хотелот Пера Палас во Истанбул, откако самата била патник на познатиот воз кој сообраќал од Париз до Истанбул во периодот од 1883 до 1977 година.

Прочитајте и:  Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера

AMH_3312-3

6. Големиот пазар во Истанбул (Капали Чаршија) е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3.000 продавници.

7. Истанбул зафаќа површина колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.

DSC04482-750548

8. Речиси без исклучок, сите жители на Истанбул се жалат еден за друг, за сообраќајниот метеж, за начинот на кој се прават работите итн., но никој не сака да си замине оттаму.

9. „Почвата и камењата во Истанбул се златни“. Оваа позната парола од 50-те години на 20. век донела огромен број луѓе од селата во овој магичен град.

Grand_Bazaar_Istanbul

10. Во Истанбул се наоѓа најголемата црква-џамија (Света Софија) во светот и единствената која служи како музеј за испреплетеното влијание помеѓу двете доминантни религии во регионот.

Hagia-Sophia-Istanbul-Turkey

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -