Зверев в понеделник станува нов АТП број 1

Германскиот тенисер Александар Зверев првпат во кариерата ќе заседне на врвот на светската ранг-листа откако во четвртокот победи во осминафиналето во Виена, но ќе има тешка задача пред себе да ја задржи таа позиција имајќи го предвид најавеното враќање на Италијанецот Јаник Синер и Шпамецот Карлос Алкараз.

2
Зверев в понеделник станува нов АТП број 1
Фото: МКД.мк

Во понеделник Зверев ќе стане 30-от играч кој се искаќува на врвот на светската ранг-листа откако АТП го воведе системот за рангирање во 1973 година. Сепак, ова долгоочекувано искачување доаѓа во време кога двајца играчи кои доминираа во претходните сезони, Јаник Синер и Карлос Алкара, поради повреди пропуштија значителен дел од 2026 година.

Искачувањето на Зверев на врвот беше само прашање на време, особено по повредата на Синер, кој не играше од јули и предвреме ја заврши сезоната.

Реклама

Со оглед на тоа што веќе две ипол седмици беше јасно дека ќе ја заврши годината на врвот на ранг-листата, играчот од Хамбург ја искористи својата прва можност во Виена – пласман до четвртфиналето му беше доволно за да го обезбеди првото место во светот од понеделник.

Во вторникот го победи Шпанецот Мартин Ландалусе во првото коло по повеќе од три часа борба во текот на која спаси четири меч-топки. Во четвртокот, пак, Звере го победи Холанѓанецот Талон Грикспор, 50-тот играч во светот, во осминафиналето, победувајќи со 6-4, 7-5.

„Неверојатно и посебно чувство е да се биде на теренот знаејќи дека во понеделник ќе бидам тенисер број еден во светот. Тоа е најдоброто чувство на светот“, рече Зверев, првиот Германец кој го достигна врвот на светскиот тенис по Борис Бекер во 1991 година.

Со обезбедувањето на првото место на АТП ранг-листата пред турнирот Мастерс 1000 во Париз и финалето на АТП во Торино – на кое учествуваат осумте најдобри играчи во светот – 29-годишниот Александар Зверев ја заокружи најуспешната сезона во својата кариера.

По три порази во финалните дуели – во Њујорк 2020, Париз 2024 и Мелбурн 2025 – конечно ја проби својата „Гренд слем бариерата“ и ги освои титулите на Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД. Тој, исто така, стигна до завршмицте на преостанатите два Гренд слем турнира – стигнувајќи до полуфиналето на Австралија Опен и финалето на Вимблдон.