Зума: Сите го знаеме Диего Коста, сака да глуми…

Иако поминаа два дена од лондонското дерби помеѓу Челзи и Арсенал, каде за жал играта и головите и не беа во прв план, коментарите сеуште се присутни. 

Дефанзивецот на Челзи, новиот миленик на Мурињо, Курт Зума, „јасно и гласно“ и кажа на јавноста каков играч е Диего Коста. „Сите го знаеме Диего Коста, тој сака да си глуми…“.

Дали избрзал или не размислил во моментот кога ја давал изјавата, Зума се огради од сопствениот коментар за неговиот колега, па се „извади“ на неговиот лош англиски јазик.

„Диего е играч кој постојано им врши притисок на противничките фудбалери и јас лично многу го почитувам…“

zuma tweet

- Реклама -