Зошто Закинтос?

Сѐ уште се двоумите каде да го поминете долго очекуваниот одмор? Доколку една од потенцијалните дестинации ви е прекрасниот јонски остров Закинтос, еве неколку причини зошто да отпатувате токму таму…

Закинтос, познат уште и како Занте, претставува возбудлива дестинација за летните одмори. Овој остров ви нуди можности за креативни, опуштени и авантуристички одмори, нешто што ќе ги задоволи вкусовите и на оние што сакаат мирен, семеен одмор, но и на оние што се во потрага по нешто необично, романтично, забавно…

silhouette-island-seychelles-wallpaper-1280x800

Закинтос претставува центар на забавите во целиот јонски регион на Грција, брегот на островот е обвиен со преку 130 километри прекрасни плажи, централната маса е прекриена со неверојатно бујна вегетација која ги одмара очите и ги полни градите со чист воздух, но покрај тоа, постојат уште десетици причини зошто да тргнете кон Закинтос:

– Закинтос е местото каде што се гнездат морските желки карета, кои се заштитен вид. На неколку плажи во близината на Василикос ќе имате уникатна можност да ги погледнете нивните гнезда.

careta careta

– Сместувачките капацитети на овој остров ги нудат сите погодности на модерното време, а не го загрозуваат балансот на природата. Како ретко каде, Закинтос нуди совршен спој на урбаното и дивото, нескротеното.

bohali3

– На островот се наоѓаат огромен број споменици и археолошки наоѓалишта, кои сведочат не само за сјајниот антички период, туку и за бурното средновековие, кога Закинтос се наоѓал под власт на Венеција.

– Жителите на Закинтос имаат огромна почит кон уметноста и културата, прифаќајќи ги за своевиден начин на живот, а сето тоа се пренесува и во односот кон туристите.

47497240

– На Закинтос се изградени голем број цркви и манастири во уникатно опкружување, места кои ги мамат сите верници, но и луѓето кои уживаат во природните убавини.

– Засуканиот брод на плажата Навагио е една од најпопуларните туристички атракции во цела Грција и можеби најфотографираното место во оваа земја.

panagiotis-on-zakynthos-island-greece

– Закинтос изобилува со уникатна флора. Специфичните цвеќиња кои виреат на островот оддаваат специфичен сладок мирис некаде по зајдисонцето.

K. Lomvardou Ave (Strada Marina), Zakinthos, Ionian Islands, Greece

– Закинтос е можеби последното место во Грција, каде што е зачувана авентичноста на таверните. Неретко, таму можете да видите како келнерите ја прекинуваат работата, земаат гитара и започнуваат да ги забавуваат гостите, како во старите, добри времиња.

zakynthos-portul

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -