Зошто се дијамантите толку скапи?

Виктор Иго еднаш рекол: „Кога не би постоеле жени, дијамантот би бил само обичен камен“. Сте се запрашале ли зошто дијамантите се толку скапи? Вредат ли навистина толку многу, или така сме натерани да мислиме?

diamonds

Едвард Џеј Епштајн е експерт на ова поле. Како што објаснува во интервјуто за Power Line, до почетокот на 19-от век дијамантите се сметале за многу редок камен. Тоа мислење владеело сé додека во Кимберли, Јужна Африка, не бил пронајден огромен кратер кој содржел вистинска ризница на дијаманти.

Таквото откритие ја алармирало компанијата De Beers, која веќе имала големи успеси во напорите да го претстави дијамантот како предмет со тесна и важна поврзаност со љубовта, веридбата и бракот, и кај Американците да создаде посебен културен однос кон дијамантските прстени. Новооткриениот извор родил страв дека дијамантите значително ќе поефтинат, па De Beers преземале нешто што во денешно време го оправдуваме како бизнис-потег.

Решението било контролирано годишно производство на многу ограничен број на дијамантски накит, базирано на статистички процени и очекуваниот број на венчавки во САД. Со оглед на тоа што 90% од компаниите што го контролирале сировото производство на дијаманти биле под капата на De Beers, немало сериозни потешкотии во спроведувањето на стратегијата, а заради вештачки креираната недостапност, успеале да ја одржат високата цена.

post-proposal[1]

Се разбира, се водел и интензивен маркетинг. Рекламите и симболиката која му ја придавале на скапоцениот камен, успешно го претвориле во симбол на веридбата во и вон границите на САД. Филмовите и музиката уште повеќе ја кренале цената на пазарот – сé повеќе жени сакале да имаат дијамант. Треба ли воопшто да ја споменуваме Мерилин Монро и нејзината култна „Diamonds are a girl’s best friend“?

Претприемачите кои се дел од оваа индустрија многу добро знаат дека дијамантите што ги продаваат не се толку вредни, ама тоа не ги спречува да ги наплаќаат скапо. Токму затоа, ако вратите дијамант во продавницата каде што сте го купиле (ако постои таква опција), во најдобар случај ќе повратите само 20-40% од износот кој сте го платиле кога трансакцијата се одвивала во обратен правец.

Популарен е и проблемот со „крвавиот дијамант“, термин кој се користи за дијамантите што доаѓаат од завојуваните африкански реони и кои се продаваат на компаниите што се дел од дијамантската индустрија, со цел да се финансираат граќанските војни.

1214216916600_indian-diamond-industry[1]

- Реклама -