Омилена храна за гледање филмови – пуканките, помагаат во превенцијата на ракот, тврдат истражувачите.
Омилена храна за гледање филмови – пуканките, помагаат во превенцијата на ракот, тврдат истражувачите.
Научниците открија дека пуканките содржат изненадувачки големо ниво од антиоксидансите наречени полифеноли. Полифенолите во овошјето и зеленчукот се смета дека помагаат да се намали ризикот од срцеви заболувања, ракот и други болести. Студијата беше направена во САД и е прв доказ за тоа дека пуканките и житариците се добар извор на полифеноли.
Истражувачите се изнанадени од големото ниво на полифеноли кои ги откриле кај пуканките и сметаат дека тоа се должи на фактот што тие не се дополнително преработувани. Според нив, преку пуканките ги добиваме сите добри состојки на пченката во чиста форма што ги прави пуканките добра и здрава храна. Во студијата беше измерена концентрацијата на полифеноли во корнфлексот и храната за ужина, и се покажа дека има повеќе антиоксиданси во непреработените зрнести житарки, додека кај пуканките нивото на антиоксиданси се покажало како најголемо од сите други видови храна врз кои биле направени тестирањата. [Why eating popcorn is good for your health]