Зошто пивскиот квасец е толку здрав?

Пивскиот квасец ги штити очите и црниот дроб, а најдобро е да се зема во сува варијанта.

Пивскиот квасец во народната медицина е познат како лек за многу болести.Се препорачува за секое животно доба, бидејќи ги штити црниот дроб, кожата, помага при појавувањето на акните, отстранувањето на заморот, одржува рамнотежа на црвената флора, ја спречува мачнината, ги ублажува тешкотиите со варењето и го поттикнува губењето на вишокот килограми.

с

Во свежа состојба не треба да се зема бидејќи брзо се расипува, има горчлив вкус, предизвикува подуеност, бидејќи гливиците од квасецот во организмот при варењето ги земаат витамините од групата Б од храната, кои му се потребни за размножување. Така организмот останува без овие витамини и други хранливи состојки од храната.

Од корисните состојки посебно се истакнуваат протеините бидејки се слични на протеините од животинско потекло. Шеќер,железо, олигоелементи и витамини, посебно од групата Б, се состојките кои му даваат исклучителна вредност на пивскиот квсец.

дд

Сувиот пивски квасец има значителна улога во диетотерапијата на повеќе болести. Помага кај дијабетесот, заболените органи за варење, воспаление на желудночната слузокожа, чир на желудник, заболување на црниот дроб, запек.

Пивскиот квасец би требало да се зема барем два пати годишно и тоа во времетрање од два месеци, бидејќи толкава е потребата за да се исполни неговото делување.

Во случај на посебни тешкотии се зама двапати дневно до излекување.

- Реклама -