Зошто патничките авиони се бели?

AAEAAQAAAAAAAAMiAAAAJGVlYTU5Y2YyLWQwMzYtNDlmZS04MDdlLWI0ZjJjZWRhYjk4ZQ[1]

Сте виделе и самите, сите патнички авиони имаат лого и натписи, но секогаш на бела подлога.

За волја на вистината, некои од авионите доаѓаат во други бои и изданија, но на 99% од сите патнички авиони преовладува белата боја. Причини има неколку, но нормално, најважни се тие околу безбедноста.

Имено, на белата боја најлесно се воочуваат пукнатини, протекување на масло и останати други проблеми кои можат да се јават ако авионот е неисправен. А кога проблемите се видливи, најлесно и се решаваат.

Исто така, белата боја најдобро одбива светлина и топлина, што е прилично важно во намалување на загревањето на авионот. Покрај тоа, белата боја е една од тие кои најлесно се забележуваат на небото, во случај на судар или во лошо време. Згора на сé, белата е и единствената боја која не избледува.

Секако, постојат и економски причини, бидејќи боењето на авионот е долг и прилично скап процес, па при наведените предности на белата, навистина нема поента да се користи друга боја. За боењето обично се потребни меѓу два дена и две недели, зависно од буџетот со кој располага авиокомпанијата. И на крај, авионите во боја подоцна потешко се продаваат на други компании, што можеби е и меѓу главните причини зошто се бели.

- Реклама -