Често се вели дека „спротивностите се привлекуваат“, но реалноста покажува дека на срцето му се подраги оние кои се послични на нас. Ова е заклучокот на истражувањето на американските психолози кои се обидоа да дадат одговор на прашањето зошто оние кои се долго време во брак почнуваат да си личат еден на друг.
Често се вели дека „спротивностите се привлекуваат“, но реалноста покажува дека на срцето му се подраги оние кои се послични на нас. Ова е заклучокот на истражувањето на американските психолози кои се обидоа да дадат одговор на прашањето зошто оние кои се долго време во брак почнуваат да си личат еден на друг.
Психологот Роберт Зајонц од Универзитетот во Мичиген анализирал фотографии од парови од времето кога тие биле нововенчани со фотографиите направени после неколку декади. Резултатите од истражувањето покажале дека старите парови со текот на времето си заличуваат еден на друг, а колку бил посреќен парот, толку била поголема нивната физичка сличност. Зајонц сугерира дека постарите парови си заличуваат бидејќи луѓето што се во близок контакт ги имитираат изразите на лицето на партнерот. Или со други зборови, доколку вашиот партнер има добра смисла за хумор и се смее често, многу веројатно е линиите од насмевката да се пренесат и кај вас.
Друг доказ покажал дека мажите и жените се привлечени од партнери со сличен карактер. Во 2006, научниците од Универзитетот во Ливерпул побарале од учесниците во една студија да гледаат индивидуални фотографии од жени и мажи и да го оценат нивниот карактер. Учесниците без да знаат кој со кого е во брак, како најслични ги оцениле паровите кои биле најдолго заедно. Заклучокот од истражувањето бил дека „сличноста во карактерот го прави и едно лице физички поатрактивно“.
Се покажа дека сме посклони да се вљубиме во луѓе кои имаат послична ДНК со нашата. Во студијата со близнаци, на Универзитетот во Северен Онтарио, научниците откриле дека не само што учесниците во студијата биле склони да избираат партнери со слични гени, туку и дека партнерите на идентичните влизнаци биле многу послични од партнерите на неидентичните близнаци. Заклучокот на истражувањата е дека партнерите почнуваат да си личат еден на друг бидејќи на некој начин тие веќе имаат и други сличности.
[Why Do Couples Start to Look Like Each Other?]