Зошто никој не го сака Рафа Бенитез?

rafael-benitez

„Само не Бенитез“

Уште кога дојде во Реал Мадрид „кралските социоси“ му беа тотално напнати на Флорентино Перез, човекот кој сам донесе одлука да се избрка Анџелоти и да се донесе Бенитез. Крајно непотребно! Па Анџелоти имаше брилијантна сезона со Реал, 70% од навивачите не сакаа да си оди, имаа верба во стариот лисец кој претходната сезона ги закити со најелитниот европски медал. Па, така, повеќе исфорсираниот трансфер му нанесе лош публицитет на Шпанецот, што вчера резултираше со негова замена. Трансферот од Наполи во Реал требаше да значи круна за кариерата на Бенитез, но круната сега некаде се тркала низ ходниците на Бернабеу. Нов тренер на Реал, Зидан!

Што им пречеше тогаш на навивачите на Реал, и што ќе им пречи на навивачите на останатите клубови во кои тој ќе биде тренер? (Ај, Копот да го тргнаме на страна)

Тренерската филозофија на некогашниот тренер на Валенсија е неспоива со играта на Реал Мдрид. Мора да се победува „убаво“, нешто што Бенитез не го прави.

rafa

Покрај тоа, Бенитез немаше некои исклучителни резултати со европските клубови, освен со Ливерпул, факт кој на малку клубови им е битен.

Во Интер го наследи Мурињо, нешто слично како во Реал. Мурињо имаше феноменални резултати со клубот, им донесе толкава среќа на навивачите,  што никогаш нема да го заборават. Па со плачење се разделуваше со играчите. Кога ќе го земеме предвид и фактот дека воопшто не ни разговараше со Португалецот, некако и тогаш, од месечина се гледаше дека нема да има некои сериозни резултати. Така и би, плус ни Пандев не го играше (и ние не го сакавме тој период)… Како и да е, во Интер издржа пола година.

Наполи му беше следната дестинација и остана две сезони. Освои куп и беше елиминиран од Билбао во квалификациите за ЛШ. Катастрофа.

Епа на крајот, можеме да заклучиме дека можеби најдобро ќе беше минатата година, наместо во Реал, да оди во Ливерпул кој и онака имаше проблем со Роџерс, а Клоп уште порано да дојдеше во Реал, бидејќи тогаш беше најголема желба на навивачите.

Реакциите на навивачите на Реал кога слушнаа дека Бенитез си оди!

- Реклама -