Зошто Лефкада?

Ако размислувате за одмор на едно од најромантичните туристички места во Грција, но сѐ уште не сте се одлучиле, ние ќе ви понудиме уште неколку добри причини зошто да се решите за Лефкада.

 

Buna-dimineata-Porto-Katsiki-Lefkada-Greece

Лефкада е четвртиот најголем остров во Јонското Море, со површина од преку 300 километри квадратни. Островот со 23 илјади жители е благословен со прекрасна медитеранска клима, со долги, сончеви денови и повремено студено ветре. Домаќините на островот се гостопримливи, а пејзажите се нешто што секако не може соодветно да се опиште туку мора да се доживее.

-Лефкада е единствениот остров до кој може да се пристапи преку мост или низ тунел. Ќе ги искусите сите убавини на грчките острови, а нема да потрошите време за пловење со траект.

Lefkada-Island-beach

-Ниту еден турист не останува рамнодушен на уникатниот спој на културата и прекрасната природа.

-Плажите на Лефкада (Порто Кацики, Егремни, Гијалос, Пефкулија, Катисма, Милос, Гира, Кастро, Микрос Гијалос, Агиофили итн.) се вбројуваат меѓу најубавите во Грција.

-Лефкада нуди огромен број сместувачки капацитети и локали кои ќе ви пондуат забава и храна, без разлика на пребирливоста или специфичниот вкус.

P

-Во 1962 година на Лефкада е воспоставена традицијата која опстојува до ден денешен – секој август улиците на главниот град се преплавени со танчери кои учествуваат во меѓународниот фолклорен фестивал.

-Традициите и обичаите на Лефкада овозможуваат активно учество од туристите.

porto-katsiki-lefkada-greece

-Лефкада важи за срцето на грчкото гостопримство. Секој што го посетил овој остров бил разгален и секогаш посакал да се врати барем уште неколку пати.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -