Денеска стигна официјална потврда од судот за арбитража во Лозана дека Валентино Роси побарал неговата казна да биде одложена за некоја од трките кои ќе се оддржат наредната година.
Зошто да не?
И онака Маркез не е кандидат за титулата Мото ГП 2015, па Роси директно никого не загрозува. Нека важи казната, но не за трката која следи, и е од неизмерно значење, не само за Роси, туку и за мото-историјата.
Се очекува, судот за спортска арбитража да даде било каков одговор до 6 Ноември.