Зошто авионите се толку гласни?

Иако ефикасноста на авионите значително се подобри со текот на годините, бучавата продолжува да биде проблем во постоечките дизајни, а веројатно така ќе биде и во идните генерации.

Покрај очигледниот факт – моторите, бучавата доаѓа и од самиот отпор на воздухот додека авионот е во движење. Особено при слетување, макар што моторите оперираат со намалена моќ, бучавата од трупот на авионот, вклучително и опремата за слетување, може да биде еднаква па и повисока од бучавата од моторите.

Оваа визуелизација, направена во соработка на NASA и Boeing со цел проучување и евентуално намалување на бучавата, го симулира воздухот околу носот на Boeing 777, претставувајќи го комплексниот и нерамномерен проток предизвикан од компонентите за слетување. Визуелизацијата е обоена според брзината – зелената ги прикажува зоните со побавен проток, додека црвената – зоните каде воздухот „се движи“ со најголема моќ и брзина.

dfgd
- Реклама -