Знаете ли што јадете?

Дали знаете што сè се наоѓа во вашата храна? Колку и да звучи чудно, овие шест состојки се одобрени за употреба во храна.


1. Амонијак

Можеби сте чуле за “pink slime” мелено говедско место со сомнителна хранлива вредност кое е обложено со амонијак и се користи во школските кафитерии и сендвичари во САД. Без оглед  на наводната безбедност на амонијакот во говедското месо, амонијакот може да се сретне во мали количини и во путер од кикирики, чипс и други типови на храна.

2. Жлезди од дабар

Во некои слатки, мастика, желатин и пудинг може да се најде состојката castoreum”. Ова е всушност сушена жлезда од дабар која се користи како вештачки вкус на јагода, брусница или ванила.

3. Човечка или свинска коса, или пердуви од патка

Ако забележите “L-Cysteine” на табелата на состојки кај леб тогаш знајте дека тоа се амино киселини кои се добиени од коса или пердуви.

4. Вируси

За борба против листерија, американската Администрација за Храна и Лекови дозволува употреба на истиот вирус кој болниците го користат за убивање на бактерии.

5. Делови од инсекти

Женската Lac бубачка ја дава состојката shellac – понекогаш нарекувана и “confectioner’s glaze” која се користи за добивање на сјај кај слатки, овошје (и мебел). Состојката Кармин која се користи за добивање на црвена боја кај храна и овошни сокови и слатки се добива од оклопот на пустински бубачки.

6. Дрвена смеса

Ситни делчиња од растителни влакна и дрво наречени „целулоза во прав“ се користат за производство на некои типови на сладолед со ниска масленост да бидат покремасти. Истата состојка се користи за да се спречи згрутчување на ситно дробено сирење. [Not just pink slime: 6 gross food ingredients you didn’t know you were eating]

- Реклама -