Златан Ибрахимовиќ ќе донесе не само ексцентричност во Манчестер Јунајтед, туку и ќе го „обои“ Олд Трафорд во мастило.
Првично, Ибра бил против тетоважите, но сам признава во својата автобиографија „Јас сум Златан“: „Успејаа да ме примамат… и се претворија во нешто како дрога за мене”.
Ибрахимовиќ има 14 трајни тетоважи, а во февруари додаде уште 15 привремени – во име на гладните луѓе. Откако постигна гол против Каен, Златан го соблече дресот и го покажа нашараното тело со кое сакаше да го привлече вниманието кон проблемот со гладот ширум светот:
„Ако можев, ќе ги напишев сите имиња на телото. Но ги има 805 милиони – 805 милиони гладуваат во светот денес! Премногу од нив се деца… Заради војни, катастрофи или исклучителна сиромаштија. Од денес сакам поддршката за мене низ светот да оди за оние кои навистина имаат потреба од неа. Кога ќе ми го слушнете името, помислете на нив. Кога ќе ме видите, гледајте ги нив”, рече тогаш Ибрахимовиќ.
А што е со 14-те трајни тетоважи по телото на Златан? Еве ги приказните зад секоја од нив:
1. Десната рака: Сетот од броеви, наречени „Кодот на Ибрахимовиќ“, се роденденски датуми на мажите во неговото семејство. Таму се неговиот татко Сефик, починатиот брат Сапко, другиот негов брат Александар и родендените на неговите двајца синови – Максимилијан и Винс.
2. Десниот бицепс: Имињата на неговите два сина на арапски.
3. Десниот бицепс: Под нив е името на неговиот татко – Сефик.
4. Десно на градниот кош: Два аса – срце и треф. Во центарот на срцето е испишана буквата „H“ (латиница), за која се смета дека е посветена на неговата сопруга – Хелена.
5. Десно: Околу картите, Златан има тетовирано црвен змеј – симбол на борбената природа.
6. Левата рака: Роденденските датуми на мајка му Јурка и сестра му Селена. За разлика од мажите во неговото семејство, жените се од левата страна, за да му се поблиску до срцето.
7. Лев бицепс: Јурка, името на мајка му, испишано на арапски.
8. Стомакот: Златан вели дека ова е негова прва тетоважа, која се гледа само кога има тен: „Мојата прва тетоважа е моето име, испишано на стомакот со бело мастило. Се гледа само кога имам тен. Беше нешто како тест“.
9. Левата плешка: Сива риба од видот „кои“. Риба која плива спротивно од текот, што е и причината што Златан ја тетовирал: Ибра се опишува себеси како човек кој успеал, спротивно на сите очекувања.
10. Во долниот дел на грбот, лево: „Витрувијанскиот човек“ на да Винчи.
11. Во центарот на грбот: Пердув од орел – симбол на силата.
12. Десното рамо: Симбол на племето Маори, кој го брани Златан и неговото семејство, и му носи среќа.
13. Десната плешка: Будистички симбол наречен Yant Prajao Khao Nirote. Го штити од проблеми.
14. На грбот: Уште еден будистички симбол кој ги претставува петте елементи – ветерот, водата, оганот, просторот и силата на имагинацијата, наречен „пет Деви среќаваат Јантра“ (Five Deva Faces Yantra).