Животот во природа е поздрав

природаМалкумина би биле изненадени ако дознаат дека луѓето кои живеат во рурални средини имаат поздрави животи. Но сега научниците откриле дека блискоста до природата има уште повеќе предности.

Луѓето кои живеат опкружени од зеленило се подарежливи, повеќе се дружат, се посмирени и повеќе веруваат – без оглед на економскиот статус на нивната средина. Овие заклучоци биле донесени според резултатите од студија на професор Франсес Куо, чии специјалности опфаќаат хортикултура и здравје.

Таа вели дека здравствените придобивки не зависат од други фактори, и дека штом бидеме лишени од зеленило, нашето здравје драстично страда. Професор Куо вели дека пристапот до природа и зелени средини води до подобро когнитивно функционирање, повеќе само-дисциплина и контрола на импулсите, и севкупно подобро ментално здравје.

Но зелените средини исто така го забрзуваат заздравувањето по операции, овозможуваат и подржуваат повисоки нивоа на физичка активност, го подобруваат функционирањето на имунитетот и им овозможуваат на луѓето кои страдаат од дијабетес да постигнат поздрави нивоа на глукоза во крвта.

Средините со помалку зелени површини се поврзани со повисоки стапки на дебелина кај деца, повисок степен на општи болести, кардиоваскуларни болести и повисок степен на смртност кај постари лица. „Сè уште ги гледаме овие придобивки при објективни мерења, кога луѓе кои не ја сакаат природата стануваат дел од студијата, и кога се анализираат економските и други фактори кои би можеле да ја објаснат поврзаноста помеѓу природата и здравјето.“

„И силата, постојаноста и поврзаноста на откритијата се неверојатни. Во позелени средини луѓето се подарежливи и подруштвени. Гледаме посилни соседски социјални врски и поголемо чувство на заедница, повеќе меѓусебна доверба и желба за помагање. Во средини со помалку зеленило сретнуваме повисоки стапки на агресија, насилство, насилен криминал – дури и откако ќе го земеме економскиот статус и други разлики.“

„Во тие средини среќаваме и повеќе докази за осаменост и повеќе луѓе кои велат дека имаат несоодветна подршка од општеството.“ Професор Куо нагласила дека студијата користела податоци од голем број извор како полициски извештаи, тестови на крвен притисок, тестови на перформанси или стандардизирани неурокогнитивни тестови и физиолошки мерења на функционирањето на имунитетот. „Ретко се случува научните наоди за било кое прашање да се олку едногласни“ додала таа. [Why living near green spaces makes you healthier and improves your life]

- Реклама -