Животот во мигрантската „Џунгла“ во Кале, Франција

calais_shop2_small[1]

Влегуваш во Кале и очекуваш да се најдеш во насилна и опасна бездна со нерегистрирани мигранти и бегалци кои чекаат да влезат во Велика Британија. А во „џунглата“  – како што го нарекуваат кампот за мигранти во северна Франција, и покрај неизвесноста и стравот што владее меѓу нејзините жители – самата потреба ги тера луѓето да почнат нови животи и да создаваат нови работи и работни места за себе.

„Џунглата“ не е официјален бегалски камп: не е регистиран од француските власти или раководен од хуманитарни организации, така што нема владина поддршка. Во февруари, владата на Франција демонтираше делови од кампот, во обид да растера и релоцира дел од мигрантите.

calais_at_night_small[1]

За Кале и негрижата на Европа кон тамошните мигранти наголемо се пишуваше во европските медиуми, но има и еден друг аспект – Кале е место што наложува иновација на преживување: место каде што луѓето немаат ништо освен своето име мораат да ги изградат неопходните структури за да останат живи, притоа формирајќи заедница, култура и организација.

Шетајќи по главната улица, опкружен си со продавнички, ресторани, пекари, бербери, ноќни клубови и најново – хотел. Авганистанци, Еритрејци, Суданци, Сиријци, Ирачани и многу други националности се принудени да се занимаваат со овие бизниси и да го зачуваат тоа малку достоинство што им е останато.

Тоа не го менува фактот што „Џунглата“ е џунгла и гето, која со малку подобро планирање можеше да биде избегната. Сеедно, како што објаснува еден од мигрантите, „Никој не сака да живее овде. Сите имавме подобри животи дома пред да стане преопасно, но ако сме принудени да останеме овде, тогаш барем ќе се обидеме да го направиме наш дом“.

Мохамед, пекар

calais_baker_small[1]

10 години бил пекар и дома, во Џалалабад. Откако помогнал да се изгради и постави пекарата во кампот, пред околу година дена, до сега има обучено уште тројца кои работат заедно со него. Продава повеќе од 350 векни леб на ден, по цена од 50 центи, а неговата пекара е една од најпреполнетите во „Џунглата“.

„Среќен сум што пак печам“, вели тој, „но навистина сонувам да бидам пекар во Англија, можеби источен Лондон“.

Сиканадар, продавач

calais_shop1_small[1]

На возраст од 35 години, Сиканада никогаш не помислувал дека ќе мора да избега од Пешавар. Година подоцна, поранешниот пакистански полицааец бил приморан да мигрира заради страв за својот живот. „Стана преопасно за да останам“, објаснува.

Продавницата ја изградил во рок од три дена, а работи веќе 5 месеци. „Од денот кога отворивме, никогаш не била затворена. Јас ги работам дневните смени, а мојот пријател ноќните“.

Прочитајте и:  „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија

Продава сé: од Adidas Predator-и, па до шампон и сим-картички. „Кога ќе отидам во Британија, некој друг ќе ја преземе мојата продавница, кога тие ќе заминат, некој друг ќе ја преземе од нив“.

Сираџ, хотелиер

calais_hotel2_small[1]

Сираџ е уникат во „Џунглата“. Пекари, кафулиња, бербери и ресторани има неколку, ама хотели – само неговиот. Располага со три гостински кревети.

Инаку е професор по математика од Пакистан, а заминал по заканите по неговиот живот. По 4 месеци стигнал во Кале.

„Лесно беше да се постави хотелот. Прво изградивме куќа, потоа решивме да служиме храна и потоа го претворивме во хотел… сé тоа го направивме во 15 дена“.

Али, бербер

calais_barber_small[1]

Али бил бербер цел живот, а сега гордо ја носи титулата на „првиот бербер во Џунглата“. „Сé сам изградив, шупата, столиците ги направив од стари палети, огледата ги купив во градот, шампонот е донација а ѕидовите се поплочени со урнек плочки од продавница за санитарии во Кале… Шишам 30 луѓе дневно, секое шишање е 5 евра“. Имал толку многу муштерии што морал да обучи уште двајца – Мохамед и Рахим.

На поздравување, те испраќа со „Еден ден ќе дојдам во Англија за да те шишам… мислам дека страните треба да ти бидат пократки“.

Али, кафеџија

calais_three_idiots_small[1]

Еден од „Трите Идиоти“ (како што е наречено кафулето) е Али Шан. Пред да го убедиш да ти го каже името, ќе ти рече „Викај ме Том Круз“. Сличности се навистина големи.

Бил на пола пат да дипломира на Економија на универзитетот во Кабул, но тогаш бил принуден да избега. Помогнал да се постави кафулето, за да служи како собиралиште за друштвени активности и ресторан. „Вечерва правиме забава. За мене тоа е причина да останам овде, имаме заработка и имаме нешто да правиме“.

„Сам ја декорирав собата“. Ѕидовите, покрај балоните и украсите, се прекриени и со „Better Together“ знамето од шкотската кампања за референдум. „Секогаш сум сакал да одам во Шкотска“.

Рамалуха, изработувач на цигари

calais_rollers_small[1]

Посебно интересен дел од мигрантскиот Кале се импровизираните фабрики за цигари. Рамалуха е поранешен инженер кој работел во безбедносна мисија организирана од НАТО во Авганистан. Тој купува калапи за цигари и качак, со кои произведува кутии цигари завиткани во сребрена фолија. 10 цигари по кутија, секоја по цена од 1.50 евра. На крајот од денот, има доволно приход за да преживее.

- Реклама -