Живот во 60 секунди!

Ако по нешто не се познати рекламите за нега на кожа, тоа е искреноста. Една норвешка фармацевтска куќа пробува да го смени тоа; во својата последна кампања се откажа од Фотошоп и ретуширање и го претстави стареењето во ново светло.

„Не правиме ретуширање. Ќе ги оставиме луѓето да бидат тоа што се… Тоа е освежителен пристап во прикажувањето на телото такво какво што е“, вели фотографот Пал Лаукли.

Проектот е насловен „Живот(ен век) во 60 секунди“ и е реален поглед во тоа како кожата старее со тек на времето. Притоа, нели, се истакнува и важноста од грижата за неа.

Во „Живот во 60 секунди“ се снимени жени на возраст од 0 па до 100 години, снимки кои потоа се хронолошки подредени за да ги покажат многуте начини на кои еволуира убавината, исто како што еволуира мудроста и карактерот на личноста.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

- Реклама -