„Жешко“ купе на Lexus догодина

Фотографија на новото жешко купе на Lexus беше објавена од страна на неколку медиуми на интернет просторот. Возилото со индекс RC (Racing Coupe) ќе се појави пред публика на меѓународниот салон во Детроит, во јануари следната година.

824_Lexus-470-3

Идниот модел ќе треба ќе им конкурира на BMW 4 и C-Class Coupe на Mercedes-Benz. Внатрешноста е изградена врз основа на моделот IS, а кај новата машина растојанието помеѓу двете оски е намалено. Нејзината надворешност пак е позајмена од концептниот LF-CC. Агрегатската понуда на Lexus RC ќе се состои од нов 2,0-литарски турбо-мотор и 3,5-литарски V6, кој ќе располага со блокада на задната оска. Ќе има и хибридна модификација со атмосферски 2,5 литарски мотор.

Нема да се мине и без набилданата верзија – RC-F. Таа ќе добие 5,0-литарски бензински V8 со систем за деактивација на половина цилиндри при ниски оптоварувања. Кај оваа модификација менувачот ќе биде 8-степен автоматски Sports Direct Shift со можност за менување на брзините од управувачот. Сега таа се вградува на моделот IS-F.

894_Lexus-470-2

Освен тоа верзијата F ќе се одликува и со каросерија од карбон, спортски издувен систем и активен спојлер, позајмени од ѕверката LFA. Тежиштето ќе биде намалено за 15 mm, а во ентериерот ќе се појават седишта Recaro и елементи од карбон и алуминиум.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -