Им се восхитуваме на жените кои сакаат фудбал и гледаат драма или акција, наместо романтични комедии, но и на мажите кои смеат да кажат дека самите успеале да си исплетат шал, или пак, обожаваат цвеќиња.
Време е да поништат клишетата, и тоа, благодарение на корисниците на Reddit, кои вадат на виделина „женски нешта“, што тајно ги прават.
„Јас сум возрасен маж, два метри висок, 90 килограми, со мотоцикл. Сепак, ако има начин целиот ден да си играм со мачиња, тогаш мојот живот ќе биде исполнет.”
„Имам многфункционално ноже, кое секогаш го носам со себе си. Има секакви алатки – клешти, шрафцигер, турпија и уште неколку. Ги користам исклучиво за обликување на ноктите. ”
„Купив професионална камера, пред сè за да можам да го снимам секое цветче што ќе го видам.”
„Ги чупам веѓите”
„Претпочитам да уринирам во седечка положба. Така се намалува чистењето на тоалетот за 83%.”
„Трошам премногу пари за лосиони со пријатен мирис.”
„Кога ќе видам симпатично мало животинче, мојот глас автоматски се качува за неколку октави нагоре и буквата „р“, се претвора во „л“.
„Сакам да плетам. Моите пријатели ми велат дека тоа е женствено, додека не им стане ладно на главите – а тогаш, ме молат да им сплетам капа. “