Жените зад воланот – митови и факти

Жените-шоферки освојуваат уште поголема територија во сообраќајот, за разлика од пред неколку години.

Мажите сепак се толку вознемирени од фактот што дамите навлегуваат во оваа исконско „машка” сфера на дејствување, па измислиле бројни шеги, сместувајќи ги шоферките во комични ситуации.

Во овој напис ќе ви раскажеме неколку митови и факти за жените-возачи.

1. Многу мажи велат со целосна доверба дека жените се невнимателни при возење. Статистиката покажува дека најпретпазливи и одговорни возачи се токму жените.

2. Еден европски автомобилски клуб го има следено однесувањето на мажите и жените зад воланот. Се покажало дека благодарение на неагресивниот стил на возење дамите предизвикале многу помалку прекршоци отколку мажите. Освен тоа многу поретко биле казнети за возење по конзумирање на алкохол.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

3. Познатата шега гласи дека жената при опасност се крие зад воланот. Статистиката покажува дека искусните шоферки реагираат при опасни ситуации побрзо од мажите. Објаснувањето за ова е дека кај жените инстинктот за самоодржување е силно развиен.

4. Повеќето мажи се сигурни дека жените добиваат возачки дозволи „на прекрасни очи”. Но всушност многу инструктори забележуваат дека дамите се повнимателни за време на часовите. Мажите мислат дека и без тоа „знаат сè”.

5. При купувањето на автомобил само 15% од мажите се заинтересирани дали е опремен со воздушно перниче. Кај жените истиот показател достигнува 97%.

За крај еве како изгледаат жените шофери  во очите на мажите, кои веруваат дека „на жените не им е местото зад воланот“.

woman-drivers article-2012188-07A70B5F000005DC-568_468x313

 

women_drivers_delhi_1359638275_540x540

- Реклама -