Конзумирањето на иста храна секој ден може да биде корисно ако сакате да ослабете.
Жените кои за ручек секој ден една недела јаделе тестенини и сирење, денот го завршувале со внесување на 100 калории помалку, покажа студијата на американскиот Универзитет Бафало и Вермонт.
Ако доследно ја почитуваме таа рутина, се навикнуваме на одредена храна и едноставно немаме апетит и желба да јадеме нешто друго, е еден од заклучоците на истражувачите.
Оваа „досадна“ диета ја применувала Џенифер Анистон за време на снимањето на серијата „Пријатели“. Десет години јадела мешана свежа салата.
И нутриционистката Зое Бингли Пулин, која секое утро појадува авокадо, јајце и домати се колне дека оваа рутина делува.
„Во денешно време премногу сме стимулирани кога е во прашање изборот на храна“, вели таа. „Понекогаш забораваме дека храната е само гориво и поминуваме премногу време размислувајќи на неа. Мојот совет е – смалете го изборот и направете го витинскиот избор“.
Таа истакнува дека режимот на еднолична исхрана не смее да се практикува многу ригидно.