Женева 2016: Премиера на новото Bentley Mulsanne

popup_200_bentl-01[1]

Bentley објави дека за време на меѓународниот салон во Женева на почетокот на следниот месец ќе се одржи светската премиера на новиот Mulsanne.

popup_344_bentl-02[1]

За прв пат, луксузниот автомобил ќе се нуди во три главни верзии- Mulsanne, Mulsanne Speed ​​и долгата модификација Mulsanne Extended Wheelbase. Последната варијанта нуди подолго меѓуоскино растојание што придонесува за 25 сантиметри повеќе простор за нозете на патниците на задните седишта. И покрај импресивните димензии, Mulsanne Speed ​​со своите 537 коњски сили и 1.100 Nm е во состојба да се забрза од 0 до 96 km/h за 4.9 секунди и да развие максимална брзина од 305 km/h.

popup_675_bentl-03[1]

Првите испораки на новиот Bentley Mulsanne се очекуваат да бидат реализирани во текот на летото оваа година.

Автоплус

- Реклама -