Женева 2016: Goodyear претстави концептна гума-топка

По 117 години искуство во производство на гуми Goodyear претстави визија за пневматик на иднината, која радикално се разликува од сега предложените модели. Развојот е наречен Eagle-360 и всушност станува збор за гума-топка.

802_wcf-geneva-motor-show-goodyear-eagle-360-spherical-tire[1]Според резултатите од истражувањето на Navigant Research, во 2035 во светот ќе има околу 85 милиони автономни возила. Според истражувањето на J.D. Power – корисниците на ваквите атомобили се заинтересирани најмногу за безбедноста при употреба на беспилотната технологија. Eagle-360 според Goodyear е тоа што ќе им треба на идните автомобили-роботи со автономно управување, која ќе гарантира висок степен на сигурност. Уникатната топковидна форма на гумите Goodyear Eagle-360 ќе може да обезбеди безбедност и непречено маневрирање, односно сферична форма на гумата обезбедува движење во сите насоки.

149_CcdpJFKXEAAfvSN[1]Технологијата Active овозможува на гумата да ја подигне безбедноста, а со тоа и ефикасноста на возилото во екстремни ситуации… Во исто време сферичната форма на Goodyear Eagle-360 ја зголемува и удобноста при движење. Секако тука се јавува како најважно прашањето на односот на гумата со шасија. Од Goodyear гледаат за Eagle-360 во оваа насока нова суспензија, наречена „магнетна левитација“, слично на процесот користен при брзите возови со магнетни перничиња. Тоа ја зголемува удобноста на патниците и ја намалува бучавата и вибрациите. Врската на гумата со возилото се базира на три елементи – сензор кој ги фиксира промените во условите на движењето, вклучувајќи состојбата и типот на патот, покриеност и промени во време, по што оваа информација оди кон возилото и околните движечки објекти. Вториот елемент е технологија за мониторинг на шарата и притисокот во гумите со помош на специјални сензори. Системот ја регулира длабочината на шарите. Бидејќи шарите на гумата е „печатени“ на 3D-печатач  можно  е благо да се адаптираат кон регионалните услови на патот во кој се користи возилото.

739_2016-03-03-image[1]Во основата на дизајнот на одделните елементи на Eagle-360 лежи биомимикријата (имитација на природните форми), принцип кој често е користен од Goodyear при разработката на нејзините производи.

Автоплус

- Реклама -