Зеленски: Затворете го небото или дајте ни авиони, зашто по Украина на ред се балтичките земји

Украинскиот претседател Володомир Зеленски го повика Западот да ја зголеми воената помош за Украина.

„Ако немате моќ да го затворите небото, тогаш дајте ни авиони“, изјави Зеленски на денешната прес-конференција.

„Ако нас нѐ нема повеќе, не дај Боже, тогаш следни ќе бидат Летонија, Литванија, Естонија, верувајте“, предупреди тој.

МИА

Прочитајте и:  Мисајловски: Нов пакет помош за Украина наскоро на владина седница
- Реклама -