Зеленски за контраофанзивата: Нема да напаѓаме руска територија, ја ослободуваме нашата

Украинскиот претседателот Володимир Зеленски денеска рече дека западните сојузници не треба да се грижат дека украинските сили ќе ја нападнат руската територија со моќното оружје што тој бара да го добие од нив.

„Ние не напаѓаме руска територија. Ние ја ослободуваме нашата законска територија“, рече Зеленски денеска во Берлин на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Немаме време, сили и вишок оружје за ова“, рече тој, пренесува ДПА.

„Подготовките за контраофанзивните операции беа фокусирани исклучиво на ослободување на нашата територија, која ја признава целиот свет“, нагласи украинскиот претседател.

МИА

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -