Зеленски за Холокаустот: И денес рамнодушноста и омразата убиваат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот истакна дека „рамнодушноста и омразата“ сè уште убиваат луѓе, алудирајќи на руската инвазија врз неговата земја.

„Денеска, како и секој пат, Украина се сеќава на милионите жртви на холокаустот. Знаеме дека рамнодушноста и омразата убиваат. Рамнодушноста и омразата заедно создаваат зло“, истакна Зеленски.

Тој повика „земјите во светот да ја надминат рамнодушноста за да има помалку простор за омраза“.

Зеленски во видеообраќањето не ги именуваше Русија и руската армија.

МИА

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)
- Реклама -