Зеленски: Војната мора да заврши со „нов Нирнберг“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал Телеграм објави дека „никој не може да се чувствува безбедно додека Русија не биде поразена“ и додаде дека војната мора да заврши со „нов Нирнберг“, мислејќи на судењето на нацистичките лидери по крајот на Втората светска војна во познатиот „Нирнбершки процес“.

„Секоја манифестација на руски терор, секој ден на агресија, е дополнителен аргумент за тврдењето дека сето ова мора да заврши со трибунал – нов Нирнберг против русизмот“, изјави Зеленски.

„Тоа мора да биде судење на оние кои уништуваат животи и луѓе, кои пукаат ракети врз музеи и наведувани бомби врз цркви. Русија мора да загуби. Светот не може да има друга цел“, порача украинскиот претседател.

Прочитајте и:  Кулеба: Војната во Украина нема брзо да заврши

Извор: МИА

- Реклама -