Зеленски: Во интерес на Русија е да се разгори војна на Блискиот Исток

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во своето дневно видео-обраќање изјави дека во интерес на Русија е да разгори војна на Блискиот Исток за да го ослабне глобалното единство.

„Врз основа на достапни информации – многу веродостојни информации – во интерес на Русија е да разгори војна на Блискиот Исток за да создаде нов извор на болка и страдање што ќе го ослабне глобалното единство, ќе посее поделба и ќе и помогне на Москва да ја поткопа слободата во Европа“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател истакна дека руските пропагандисти се „веселат“ поради настаните и дека Иран, кој го опиша како сојузник на Москва, отворено ги поддржува оние кои го нападнаа Израел.

Прочитајте и:  НАТО: Нема индиции за некаков намерен напад на територија на Алијансата

„Сето ова претставува многу поголема закана отколку што светот во моментов може да замисли“, рече Зеленски.

„И знаеме како да се справиме со оваа закана. Ги подготвуваме неопходните мерки. Најважно е дека се залагаме за максимално глобално единство“, додаде украинскиот претседател.

Зеленски во вчерашниот телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Украина е „солидарна со Израел, кој е предмет на бесрамен и голем напад“.

МИА

- Реклама -