Зеленски: Властите немаат официјално право да се откажат од територијата

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави денеска дека прашањето за потенцијално отстапување на украинските територии во замена за безбедносни гаранции не може да се реши без волјата на украинскиот народ, бидејќи тоа е во спротивност со Уставот на Украина.

„Властите немаат официјално право да се откажат од територијата. За да се случи тоа, украинскиот народ мора да го сака тоа. Освен тоа, оваа опција би била победа за рускиот претседател Владимир Путин“, рече Зеленски во интервју за француски медиуми.

Тој додаде дека Украина не добила официјален предлог за отстапување на дел од територијата во замена за безбедносни гаранции од ЕУ или НАТО.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон
- Реклама -