Зеленски: Веднаш вооружете ја Украина за да ја одбрани слободата

Киев, 13 април 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео во кое го повикува Западот да испрати оружје.

Зеленски истакна дека е потребно повеќе оружје за „да се спасат милиони Украинци, како и милиони Европејци“.

„Слободата мора да биде вооружена подобро од тиранијата“, рече тој.

Зеленски наведе голем број потребни специфични оружја, вклучувајќи артилерија од 155 милиметри, системи за лансирање ракети, оклопни возила и борбени возила за пешадија. Тој побара тенкови Т-72 „од САД или Германија“ и рече дека се потребни повеќе воени авиони.

Украинскиот претседател предупреди дека конфликтот во земјата ќе стане „бескрајно крвопролевање, ширење беда, страдање и уништување“.

„Но, Русија сè уште има капацитет да изврши напад, и тоа не само против Украина. Полска, Молдавија, Романија и балтичките земји ќе станат следните цели доколку падне слободата на Украина“, рече Зеленски.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална

- Реклама -