Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина направила се што е инструментално и оперативно за да ги отвори преговорите со Европската унија во јуни.

„Остана само политиката. Инструментално и оперативно, направивме се за да ги отвориме преговорите меѓу Украина и ЕУ во јуни. Мислам дека ќе успееме. Дури и тешките партнери станаа малку полесни денес. Ние активно работевме со нив“, рече Зеленски на брифинг за новинарите.

Зеленски истакна дека тој и целиот негов тим активно се подготвуваат за Глобалниот самит за мир, кој ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Швајцарија.

Тој изјави дека е потребен детален план со кој ќе се согласи целиот свет, а кој ќе се „заснова на украинската формула за мир“.

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена

„Доколку имаме сериозен број земји и има соодветна најава, мислам дека тоа ќе биде наша дипломатска предност“, посочи Зеленски.

Тој исто така рече дека Украина за првпат има доволно артилериски гранати. „Првпат во воените години ниту една од бригадите не се жали на недостиг од артилериски гранати, а тоа се случува последниве два месеца. Преговараме за пари со сите партнери“, рече Зеленски.

Тој посочи дека не треба да има забрана за напади со западно оружје на територијата на Руската Федерација, истакнувајќи дека „тоа не е офанзива на украинската армија која користи западно оружје на руска територија, туку одбрана“.

- Реклама -