Зеленски: Украина погоди руска фабрика за ракети и уништи воена опрема вредна 70 милиони долари

Украинските сили ја погодија фабриката Каменски во руската Ростовска област, која е дел од руската одбранбена индустрија и учествува во производството на ракети, објави Зеленски на Телеграм.

0
Зеленски: Украина погоди руска фабрика за ракети и уништи воена опрема вредна 70 милиони долари
Фото: МКД.мк

„Нашите напади со долг дострел даваат резултати во Ростовската област. Погодена е фабриката Каменски, претпријатие од руската одбранбена индустрија што се занимава со производство на ракети“, наведе Зеленски.

Според него, украинската војска погодила и противвоздушен систем Панцир-С2, како и командно-штабно возило на системот С-400 Триумф.

Реклама

„Вкупната вредност на погодените средства за противвоздушна одбрана изнесува околу 70 милиони долари“, истакна украинскиот претседател.

Зеленски им се заблагодари на припадниците на Службата за безбедност на Украина и на другите украински одбранбени сили за операцијата.

„Праведно се браниме од руската агресија и правиме сè за да ја намалиме способноста на Русија да ја продолжи“, рече Зеленски.

Според Укринформ, припадниците на Центарот за специјални операции Алфа при украинската Служба за безбедност за една недела неутрализирале 3.198 руски војници.