Зеленски: Руската армија во Украина претрпе најголеми загуби во последните децении

Киев, 12 март 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во денешното видео-обраќање до нацијата на социјалните мрежи, изјави дека руската армија ги претрпела најголемите загуби во последните децении.

Зеленски тврди дека 31 тактичка група на рускиот баталјон сега се неспособни за борба.

Тој побара итно ослободување на градоначалникот на Мелитопол, кој наводно е киднапиран од руските сили, велејќи дека за тоа разговарал со француските и германските лидери.

Зеленски, исто така, рече дека Украина работи со Европската комисија за да го забрза нејзиното членство во ЕУ.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување
- Реклама -