Зеленски очекува „сериозни одлуки“ соодветни на „многу амбициозните перспективи“ на Киев и коалицијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги соопшти очекувањата на Киев од новата средба на Контакт групата за одбрана на Украина („Рамштајн-11“), што ќе се одржи на 21 април, пренесе УНИАН.

„Веќе се подготвуваме за новата средба во формат ‘Рамштајн’“, кажа украинскиот претседател во своето традиционално вечерно видео обраќање.

„Очекуваме сериозни одлуки што ќе одговараат на перспективите на бојното поле. Многу амбициозни перспективи кон кои се приближуваме со сите сили. И не само за нас, не само за Украина, туку и за целата наша антивоена коалиција“, нагласи Зеленски.

Тој додаде дека доцнењето во испораките на оружје, како и губењето време во дискусии за дострелот и другите карактеристики на даденото оружје, украинските војници секојдневно ги чинат животи.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Украина бара од западните партнери модерни борбени авиони Ф-16, иако ниту САД, ниту другите земји, кои го поддржуваат Киев немаат одлучено дали да ги обезбедат, забележува УНИАН.

„Доколку Киев ги добие американските борбени авиони Ф-15 и Ф-16 украинската армија за многу кратко време ќе ги ослободи окупираните територии“, изјави Јуриј Игнат, претставник на командата на украинските воздухопловни сили.

Според него, украинските воени пилоти за помалку од половина година можат да научат да управуваат со бараните авиони.

МИА

- Реклама -