Зеленски: Не гледам причина зошто западните земји не би ни испорачувале тенкови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не гледа причина зошто западните партнери не би требало да испорачуваат тенкови на Украина.

„Ќе добиеме повеќе оклопни возила, вклучително и лесни тенкови од француско производство. Ова испраќа јасен сигнал до сите наши партнери: не постои рационална причина зошто западните тенкови сѐ уште не се испорачани на Украина“, рече Зеленски синоќа, пренесува ТАСС.

По вчерашниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, Зеленски потврди дека Киев ќе добие француски лесни тенкови. Елисејската палата информираше дека францускиот претседател потврдил дека Франција ќе ѝ достави на Украина лесни борбени возила АМКС-10 РЦ. Обемот и времето на планираните испораки не се наведени во соопштението.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Во меѓувреме, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, го прекори германскиот канцелар Олаф Шолц за неговата неподготвеност да го снабди Киев со тенкови.

Извор: МИА

- Реклама -