Зеленски: Напредокот на Русија во источна Украина е само привремен

Напредокот на Русија во источна Украина е само привремен, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како што јави BBC, Зеленски во дневното обраќање рече дека во јужниот и источниот дел на Украина „окупаторите сè уште прават сè што можат за да имаат причина да зборуваат за победи“.

„Тие акумулираат сили, испраќаат нови тактички групи во нашата земја. Тие дури се обидуваат да иницираат таканаречена мобилизација во окупираните региони на Украина“, рече Зеленски.

Сепак, ниту една од овие мерки нема да ѝ помогне на Русија во војната против Украина, уверува украинскиот претседател.

Тој денеска соопшти и дека Русија го отфрлила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, сепак додавајќи дека тој сѐ уште има надеж за мир.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

Меѓу другото, Зеленски ја обвини Русија дека планира да фалсификува референдум за независност во окупираните јужни региони Херсон и Запорожје. Тој ги повика жителите на овие области, кои сега се под руска окупација, да не им даваат на руските сили какви било лични информации, како што се броевите на пасошите.

Извор: МИА

- Реклама -