Зеленски: На ултиматумот на Путин не може да му се верува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека условите што ги постави рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната се „ултиматум“ на кој не може да му се верува.

„Верувам дека Путин нема да ја запре својата воена офанзива дури и ако се исполнат неговите барања за прекин на огнот. Ова се ултимативни пораки кои не се разликуваат од пораките од минатото. Тоа е истото што некогаш го правеше Хитлер. Затоа не треба да веруваме во овие пораки“, изјави Зеленски за италијанскиот канал СкајТГ4 на маргините на Самитот на Г7, што се одржува во јужното италијанско одморалиште Борго Ењација.

Се огласи и украинското Министерство за надворешни работи, кое зборовите на Путин ги нарече „апсурдни“ и нагласи дека рускиот претседател се обидува да ги измами светските сили и да ги поткопа вистинските мировни напори.

Прочитајте и:  Москва: Реципрочните мерки се подготвени, ако Западот го искористи приходот од замрзнатите руски средства за помош на Украина
- Реклама -