Зеленски: Ќе има повеќе украински акции против Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека санкциите против Русија не се доволни за да се запре нејзината „агресија“ и вети нова украинска акција против „терористичката држава“, јавија британските медиуми, пренесе БТА.

„Јасно гледаме кои линии на притисок врз Русија треба да се зајакнат за да се спречи (нејзиниот) терористички потенцијал да расте“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

Санкциите, според него, не се доволни.

„Ќе има повеќе наши, украински акции против терористичката држава. Сè додека руската агресија продолжува, Русија мора да ги чувствува загубите“, додаде тој.

МИА

Прочитајте и:  Американски сенатор: Залудно е да се преговара со тиранинот Путин
- Реклама -