Зеленски: Иницијативата на Кина и Бразил за мир е „деструктивна“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша мировната иницијатива на Кина и Бразил за војната во Украина како „деструктивна“ и изрази огорченост што Киев не е вклучен во процесот, објавија денеска британските медиуми.

Во мај, Кина и Бразил повикаа на мировна конференција што ќе ја признаат и Русија и Украина и ќе вклучи подеднакво учество на сите страни во конфликтот во, како што ја опишаа, фер дискусија за сите мировни планови.

-Кинеско-бразилскиот предлог е деструктивен, тоа е само политичка изјава. Како можете да понудите „еве ја нашата иницијатива“ без да не прашате ништо?, рече Зеленски во интервјуто објавено денеска од бразилскиот медиум „Метрополис“.

Во видеото што го објави „Метрополис“, шефот на украинската држава вели дека на иницијативата и недостасува почит кон Украина и територијалниот интегритет на земјата и дека рускиот претседател Владимир Путин треба да преземе мерки за да покаже дека сака да стави крај на војната.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон

Зеленски рече дека понудил да разговара за предлозите со Кина и Бразил.

- Реклама -