Зеленски бесен за масовниот напад врз Киев: Русија ќе одговара за секоја жртва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ќе одговора за секој одземен живот, по раноутринските ракетни напади и напади со дронови на повеќе локациии во Украина, а особено врз Киев и Харков .

Според Зеленски, денеска врз Украина биле лансирани речиси 100 проектили од различен тип, соборени се најмалку 70 проектили, од кои речиси 60 биле во областа на Киев.

Жестоки напади имаше и врз Харков и последиците од нив воп моментов се отстрануваат.

-За жал, има мртви луѓе, рече тој.

Зеленски изрази сочувство на семејствата и пријателите на починатите.

-Многумина настрадаа. Сите ја добиваат потребната помош. Им благодарам на работниците во Државната служба за вонредни ситуации на Украина, полицајците, лекарите и на сите што им помагаат на луѓето, додаде украинскиот претседател.

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена

МИА

- Реклама -