Зеленски бара Западот да ја поддржи Украина како што го поддржи Израел

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повтори својот повик за активна поддршка од Западот одбраната на земјата од руската инвазија, укажувајќи на помошта на Запад за Израел против нападите на Иран.

– Сега е јасно дека не сите објекти на Украина можат да бидат заштитени од напади, напиша Зеленски на социјалните мрежи по денешниот состанок на Ставка, високата команда на украинските вооружени сили.

– Но, интензитетот на руските напади бара поголемо единство, додаде тој.

Со одбрана на Израел, слободниот свет покажа дека единството не само што е можно, туку е и 100 проценти ефективно, рече Зеленски.

– Одлучната акција на сојузниците го спречи успехот на теророт и губењето на инфраструктурата и го принуди агресорот да се смири, напиша тој, мислејќи на нападот на Иран врз Израел викендов.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

– Истото може да се направи за да се заштити Украина, која – како Израел – не е членка на НАТО, од терор. И ова не бара активирање на членот 5, туку само политичка волја, рече Зеленски.

Според член 5 од основачкиот договор на НАТО, нападот врз една членка на одбранбената алијанса „ќе се смета за напад врз сите“.

Зеленски вчера веќе повика на слична поддршка за Украина од сојузниците, неколку часа по иранскиот напад врз Израел кој во голема мера беше одбиен.

- Реклама -